Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Над пет илјади тестови за КОВИД-19 и десетици илјади маски Н95 и заштитни материјали се донацијата од Кина за Северна Македонија, која вчера тргна од Шангај, па преку Истанбул, денеска треба да стигне во Скопје, изјави вицепремиерот за Европски прашања, Бујар Османи. Тој воедно додаде дека од кога оваа помош ќе стигне во државата истата веднаш ќе биде распределена кај здравствените установи.
– Во вторник имам уште една донаторска конференција со земјите кој не се членки на ЕУ и другите донатори со цел да видиме дополнителни можности за обезбедување на материјали, бидејќи во овие услови нема ниту пазар, а исто така е прекинат синџирот на набавка на опрема од земјите кој што произведуваат до државата, изјави Османи.
Во своето онлајан излагање вицепремиерот Османи рече дека тие и Владата, веднаш се активирале после првите случаји со КОВИД-19 во државата. Според него во првите денови на март, после појавите во Италија и Шпанија, Европската унија беше најдена во шок, односно воопшто не респондирала. оџ/аа/