Утрински Весник
Македонија

Меѓународни ликовни награди за ученици од Делчево

Меѓународни ликовни награди за ученици од Делчево

Делчево, 18 април 2020 (МИА) – Со освоена прва и втора награда училиштето „Св.Климент Охридски“ од Делчево е победник на Меѓународниот ликовен конкурс на тема „Пролетта врз лист” 2020, организиран од страна на Општина Ќустендил, Република Бугарија. Од делчевската деветолетка соопштија дека добитници на наградите се ученички од подрачното училиште во село Разловци.

– Ученичките Сара Ковачка и Кети Џаџовска од подрачното училиште во село Разловци кое работи во состав на деветолетката „Св.Климент Охридски “Делчево учествуваа на ликовен конкурс на тема „Пролетта врз лист” 2020, организиран од страна на Општина Ќустендил – Република Бугарија и на истиот под водство на нивниот ментор Лиле Георгиевска постигнаа одлични резултати. Сара Ковачка која е ученичка во деветто оделение го освои првото место, додека Кети Џаџовска, ученик во осмо одделение за својата ликовна творба го освои второто место. Честитки до уениците и нивниот ментор, истакнаа од ООУ „Св.Климент Охридски“.

Училиштето паралелно во чест на христијанскиот празник Велигден го почна изборот за најубава Велигденска креација.

– Учениците можат да учествуваат со тоа што својата Велигденска креација ќе ја испратат на нашата фан-страница по што комисија составена од професори по ликовно ќе ја одберат најубавата креација за Велигден, посочија од ООУ „Св.Климент Охридски“.

Своите творби учениците можат да ги праќаат најдоцна до 20 април 2020 година, при што за најдобрите се предвидени и соодветни награди. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор