Утрински Весник
Македонија

Османи: Деновиве ќе донесеме пакет мерки за месецот Рамазан

Османи: Деновиве ќе донесеме пакет мерки за месецот Рамазан

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Централниот кризен штаб за КОВИД-19, деновиве ќе разговара на тема месец Рамазан, изјави вицепремиерот Бујар Османи, кој истакна дека веројатно Владата ќе донесе пакет на одлуки кој се однесуваат на овој месец.

– Деновиве планираме во Централниот штаб да разговараме во однос на месецот Рамазан, бидејќи се работи за празник од 30 дена, со одредени специфики за да ги видиме сите околности кој се можните ризици од евентуално однесување на луѓето почитувајќи ги верските обврски, рече Османи.

Османи, воедно им за заблогодари на челниците на ИВЗ кој доброволно прифатија да ги затвораат џамите, односно да ги забранат верските обреди веќе неколку недели.

– Мислам дека така и треба да продолжи и во наредниот период се додека не се стабилизира здравствената состојба, односно Комисијата за заразни болести не донесе одлука дека може повторно да има собирање на луѓето, изјави Османи.

Светиот месец Рамазан, е предвидено да почне на 24 април (во петок) и ќе трае 30 дена. оџ/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини