Утрински Весник
Македонија

МЗ: Потврдени 53 нови случаи на Ковид 19, оздравени 25 пациенти

МЗ: Потврдени 53 нови случаи на Ковид 19, оздравени 25 пациенти

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа потврдени се 53 нови случаи на Ковид 19, со што вкупниот број на дијагностицирани пациенти во нашата земја е 1.170, информираат денеска од Министерството за здравство.

Денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти, шест испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кои во општа добра состојба заминуваат дома и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

По градови: Скопје – 13, Куманово – 9, Прилеп – 9, Тетово – 4, Струга -2, Велес – 12, Битола – 2, Македонски Брод -2.

По завршување на епидемилошките анкети, едно претходно потврдено лице во Битола е со жителство во Демир Хисар, а едно во Скопје е со жителство во Куманово и согласно ова последната дистрибуција по градови е: Скопје – 401,  Куманово – 320, Дебар – 51, Штип-32,  Прилеп –112, Тетово – 52, Струга – 55, Велес – 55, Битола –17, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2, Демир Хисар – 1 и Македонски Брод -2.

Во изминатото деноноќие направени се 697 теста. Преку ИЈЗ –493, преку Ветеринарен факултет -15 , Авицена –8, Биотек –0  и Филип Втори (Жан Митрев) – 120 и Систина со PCR метода  – 61 . Досега во земјата се направени вкупно  11.556 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се три пациенти од Прилеп, Куманово и Скопје во потешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 52, од кои 16 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ до утрово се примени пет нови пациенти, со што во моментов во оваа болница се лекува 41 пациент. На респираторна машина се приклучени осум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12 пациенти потврдени и суспектни на вирусот, од нив 3 се на кислородна поддршка. На 5 пациенти (3 на болничко лекување и 2 кои се лекуваат во домашни услови), по првиот негативен тест, вчера  е земен и втор контролен брис. На домашно лекување се следат уште 13 пациенти.

Во штипската болница е примена една пациентка и во моментов се хоспитализирани вкупно 9, сите во стабилна состојба. Преку болницата во Штип се следат уште 19 пациенти кои се лекуваат во домашни услови, стои во соопштението од Министерството за здравство. аа/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова