Утрински Весник
Магазин

Роналдо во изолација со пижами од 2.000 фунти

Роналдо се враќа во Мадрид

Мадеира, 18 април 2020 (/) – Големата sвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо ја поминува изолацијата во Португалија со семејството, но медиумите продолжуваат да го следат под лупа секое негово дејствување. Овој пат, внимание беше посветено на … неговите пижами.

Се проценува дека тие чинат околу 2.000 фунти. Роналдо носеше маица „Живенши“ од 435 фунти со наметка „Диор“ за 910 фунти и шорцеви вредни 940 фунти. Неговите патики се со цена од скромни 348 фунти.

Претходно, играчот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, откри дека петкратниот освојувач на „Златната топка“ им дал идеја на фудбалерите да им помогнат на аматерските клубови во земјата со донирање на своите бонуси,за пласманот на Португалија на ЕП.



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар

Том Холанд потврди дека е в брак со Зендеја