Ливерпул, 18 април 2020 (МИА) – Педро Чиривеља во голема мерка ја потврди веста порано денес – дека фудбалот се враќа во Англија во јуни.
Играчот од средниот ред на Ливерпул изјави дека неговиот клуб објавил дека до средината на мај „црвените“ ќе тренираат одделно.
– Ни беше кажано дека до средината на мај ќе тренираме индивидуално. Потоа, ако е можно, ќе продолжиме со нормален тренинг и ќе започнеме да играме во јуни, рече Чиривеља, цитиран од медиумите на Островот.