Утрински Весник
Македонија

Пукање во Студеничани, нема повредени

Полицијата растерала поголема група млади на Водно

Скопје, 18 април (МИА) – Во полиција вчера околу 16.00 часот е пријавено дека на сретсело во село Студеничани, во близина на Општина Студеничани, по претходна вербална расправија, А.Ш.(28) од село Студеничани, кој бил со патничко возило „рено“, од возилото испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди“, во кое биле А.Р.(21) и Б.А.(27), и двајцата од село Студеничани, а непосредно до возилото стоеле и И.И.(44) и таткото на сторителот, А.Ш.(55).

Повредени лица нема, информираат од МВР. Од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „ауди“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. цр/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Крилото на Села преминува во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ се збогува со Филип: Секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен

Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски