Утрински Весник
Свет

Трамп поттикнува протести против мерките за заштита од коронавирусот

Trump 2546104

Некои од американските држави почнаа да размислуваат кога би можеле за започнат со ублажување на воведените рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирусот, додека претседателот Доналд Трамп смета дека одделни гувренери усвоиле престроги насоки.
Еден ден откако го изнесе планот за постепето заживување на економските активности, Трамп ги повика своите симпатизери да „ослободат“ три сојузни држави, чии гувернери се од Демократската партија.

Со тоа всушност тој охрабри протести против насоките граѓаните да останат дома за да се спречи ширењето на коронавирусот. „Ослободете ја Минесота! Ослободете го Мичиген! Ослободете ја Вирџинија!“ повика Трамп со низа објави на Твитер.Трамп на конференцијата за новинари рече дека мерките, кои ги донеле гувернерите на одделни држави, како што е Вирџинија, се преостри.

Целиот текс можете да го прочитате ТУКА.

Извор: dw.com

Можете да прочитате

Украински дрон ја погоди нуклеарната централа Запорожје, МААЕ загрижена

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот