Утрински Весник
Спорт

Бензема нема ништо против да ја заврши кариерата во Лион

Бензема му донесе три бода на Реал од гостувањето во Севилја
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 17 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Реал, Карим Бензема истакна дека станал фудбалска ѕвезда благодарение на родниот Лион. Напаѓачот ги бранеше боите на фудбалскиот клуб Лион од 2004 до 2009 година, по што се пресели во Мадрид.

– Станав она што сум денес благодарение на Лион. Сега за сега не размислувам да се вратам, затоа што сакам да продолжам да ја пишувам приказната со Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот. Потоа, којзнае. Да ја завршам кариерата во Лион? Зошто не? – изјави Бензема.

Триесет и двегодишниот Бензема во моментов е прв избор во нападот на „кралскиот клуб“, но неговото место може да биде доведено под прашање доколку се остварат најавите за доаѓање на Пол Погба и Aрлинг Холанд во шпанскиот фудбалски мадридскиот гигант. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk