Утрински Весник
Македонија

Во Дебар 51 заразен со Ковид-19, 33 оздравени, четворица починати

Во Дебар 51 заразен со Ковид-19, 33 оздравени, четворица починати

Дебар, 17 април 2020 (МИА) – Во Дебар расте бројот на оздравените лица, заразени од Ковид -19 и тој се зголеми на 33 со двајцата оздравени во последното деноноќие, а кои, според директорот на Општатата билница, Баки Халили биле со лесна форма и на домашно лекување.

На 14 и 15 април беше соопштено дека се оздравени 15 заболени кои се лекуваа во домашни
услови,додека,претходно, останатите 16, дел беа испишани како оздравени од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби а дел беа на домашно лекување.

Во последното деноноќие ново заразени  во оваа општина нема.

Вчера, по 12 дена, беа реагистрирани два случаи на новозаразени со Ковид-19 со што вкупната бројка се зголеми на 51 лице. За жал четворица од нив се починати.

-Двата нови случаи се еден здравстевен работник,лаборант и една бремена жена но се со лесна форма  и се на домашно лекување. Неколку здравствени работници поради тоа се во
изолација, рече Халили.

Тој информираше дека во Општата болница пристигнати се еден кардиолог од Охрид и еден пулмолог од Струга.

Жителите на Дебар и понатаму строго ја почитуваат одлуката за ограничено движење. Според полициската статитсика повеќе од 15 дена не е забележано непочитувања на забраната за движење, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и  сообраќајни незгоди.

Вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и Територијалната противпожарна единица продолжуваат со дезинфекција на јавни површини, спортски и детски игралишта, селските населени места,како и стамбени објекти. вт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека