Утрински Весник
Македонија

Бебето родено во ГАК од мајка позитивна на Ковид-19, нема коронавирус

Клиника за гинекологија: Ниту еден процес не беше загрозен поради кусиот прекин на струја

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Бебето родено на 14 април во ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, чија мајка е заразено со коронавирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од ЈЗУ ГАК -Скопје.

– Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за COVID-19. Пациентката немаше симптоми за коронавирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за COVID-19. Брис од бебето беше земен откако пристигна позитивен резулатат за COVID-19 кај неговата мајка, информираа од ГАК-Скопје.

Воедно од таму информираат дека вчера и мајката и бебето биле отпуштени од клиниката во добра здравствена состојба. оџ/ев/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален