Велес, 17 април 2020 (МИА) – Општина Велес во соработка со Територијалната противпожарна единица – Велес, ЈКП „Дервен” и ЈП „Парк – спорт”, денеска започна дезинфицирање на сите станбени колективни згради, поголемите објекти на јавните институции, како и на јавните површини во градот.
Во акцијата се дезинфицираат просторите околу Центарот за јавно здравје – Велес, ЈЗУ Здравствен дом – Велес, „Стокомак”, железничката станица, просторите околу „Жито” маркетите во близина на општината и околу трговскиот центар, „КАМ” во Нова населба, „Кит – Го”, плочникот околу споменикот на Панко Брашнаров, плочникот околу споменикот на Алексо Демниевски – Бауман, плочникот околу „Жито” маркетот на плочникот „Авона”, просторот во центарот на градот од маркетот „Жито” до плоштад „С’рмаале” и просторот околу Градскиот пазар.
Од Општина Велес најавија дека акцијата за дезинфицирање на преостанатите локации ќе продолжи на 21 април во вторник. ад/аа/