Утрински Весник
Македонија

Општина Битола постави дезинфекциски рампи на влезовите во градот

Општина Битола постави дезинфекциски рампи на влезовите во градот

Битола, 17 април 2020 (МИА) – Општина Битола денеска пушти во функција дезинфекциски рампи, поставен на влезовите во градот, односно од Охрид и од Прилеп.

Според градоначалникот на Битола Наташа Петровска, новата мерка обезбедува целосна дезинфекција на возилата што влегуваат во градот и се реализира по претходна проценка на општинскиоткризен штаб.

-Дезинфекциските рампи ги изработи фирмата „Монтинг инженеринг“ и тоа е потврда за нивната општествена одговорност. Поставените дезинфекциски рампи исклучително значат за нашата општина.  Но, сепак ќе нагласам, дека најважната мерка е социјалната дистанца и токму затоа ги замолувам граѓаните да ги почитуваат сите мерки, особено оваа мерка, непотребно да не излегуваат, бидејќи, искуството, скромно, колку и да го имаме во светски рамки за оваа проблематика, сепак, покажува дека социјалната дистанца и намаленото движење, се клучни во оваа работа, посочи Петровска.

Поставувањето на дезинфекционите рампи е врз основа на изработен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информираа од Општина Битола. мт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари