Утрински Весник
Македонија

Во Берово се дезинфецираат влезовите на верските објекти

Во Берово се дезинфецираат влезовите на верските објекти

Берово, 17 април 2020 (МИА) – Во Берово продолжуваат превентивните активности за дезинфекција на јавните површини, влезовите на фреквентни објекти и маркети и верските храмови во Берово и во населените места. Активностите како што информираат надележните се спроведуваат во соработка со беровското комунално претпријатие „Услуга“ и Територијалната противпожарна единица од Берово.

-Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, како дел од мерките за заштита и превенција од КОВИД 19, вршиме дезинфекција не изоставувајќи ниту еден објект. Дезинфекција се спроведува во повеќе наврати, а со секојдневно миење и дезинфекција на јавните површини, ќе продолжиме и во периодот што следи, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, информираа надлежните.

Од локалната самоуправа додадоа дека институциите на локално ниво ги спроведуваат сите мерки за превенција и заштита од КОВИД 19.

-Апелираме до сите граѓани и понатаму да ги следат мерките и препораките на Владата и на Светската здравствена организација за заштита од појавата на коронавирус со што ќе останеме општина, без ниту едно заболено лице од КОВИД-19, се вели во апелот од надлежните.

Во Малешевијата за време на викенд полицискиот час по препорака на координативниот кризен штаб во Берово, а во соработка со сопствениците на приватните сместувачки капацитети, откажани се сите нови комерцијални сместувања со цел заштита од коронавирусот. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете