Дебар, 17 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, на денешната прес конференција упати апел до граѓаните да не ги обзема еуфиорија и триумфализам, туку и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките на надележните.
– Она што до сега го направивме заедно е само една добиена битка, но се уште ја немаме добиено војната. Победата над оваа пандемија ќе биде тогаш кога ќе ја добиеме втората битка и ќе се вратиме во нормален живот. До тогаш важат мерките на вонредна состојба. Сега се е во наши раце, дали ќе има ново заразени зависи од нас и нашето однесување, од тоа колку ќе ги почитуваме мерките и препораките на надлежните, рече меѓу другото Дука.
Тој воедно искажа верба дека дебрани ќе бидат внимателни и совесни и ќе ги почируваат само официјалните препораки и соопштенија, како што ги почитуваа и до сега и им порача дека „целта на превентивните мерки не е да се создаде паника туку тоа се мерки за заштита на нашето здравје“.
-Триесетдневниот карантин на Дебар секако му донесе голема економска штета. Се доведува во прашање опстанокот на повеќе мали и средни бизниси. Ги замолувам сите да ги искористат мерките на Владата, како што се субвенциите за платите на вработените, користење на мали кредити без камата и слично. Бараме дополнителни економски мерки за Дебар,зашто занаетчиите, кафулињата, рестораните, во периодот на карантин воопшто не работеа, рече Дука.
Тој апелираше и на поголема меѓусебна солидарност,а искажа голема благодарнсот до сите структури кои се вклучени во спроведување на потребни мерки за спречување на проширувањето на пандемијата. вт/оџ