Утрински Весник
Спорт

Мурињо му рекол „да“ на Ливерпул во 2004 година, но се појавил Абрамович

Мурињо во свој стил: Лампард е добро момче, се надевам дека ќе загуби денеска

Лондон, 17 април 2020 (МИА) – Жозе Мурињо беше на чекор да го преземе Ливерпул во 2004 година, но последователно доби многу подобра понуда од Челси и на крајот избра да ја продолжи кариерата на „Стемфорд Бриџ“. Ова се наведува во новата книга за Португалецот, која ја напиша францускиот новинар Николас Вилас.

– Мурињо требаше да отиде во Ливерпул. Имавме договор со Рик Пери (во тоа време извршен директор на тимот од Мерсисајд) кој беше надлежен за трансферите таму. Тие само од нас побараа да почекаме 15 дена бидејќи Жерард Улие сè уште беше менаџер на тимот, вели Жорже Баидек, кој во тоа време беше советник на Мурињо.

Овие разговори се одвивале во април 2004 година во хотелот, во кој беа сместени играчите и тренерите на Порто пред важното четвртфинале во Лигата на шампионите против Лион. Но, тогаш, на сцена се појави Жорже Мендеш, кој сè уште не беше агент на Мурињо. Сепак, тој ја претставил понудата за Специјалниот од Роман Абрамович, што беше многу подобра од онаа на Ливерпул.

Книгата открива дека првата средба меѓу рускиот милијардер и Мурињо се случила во мај годината пред полуфиналето против Депортиво Ла Коруња. На денот откако Порто го освои трофејот во ЛШ, Мурињо бил поканет на јахтата на Абрамович во Монако и таму сè било прецизирано. Остатокот, како што вели поговорката, е историја.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк