Утрински Весник
Македонија

Донација столчиња за училиштето во село Мелница, во Општина Чашка

Донација столчиња за училиштето во село Мелница, во Општина Чашка

Велес, 17 април 2020 (МИА) – Општина Чашка за подрачното основно училиште „Тодор Јанев“ од село Мелница доби донација – осумдесет училишни столчиња наменети  за учениците од оваа училиште.

Донацијата е  од бизнисменот Булент Салиовски кој живее и води сопствен бизнис во Швајцарија.

Градоначалник на Општина Чашка, Горан Стојановски кој  ја прими донацијата  му се заблагодари на донаторот за подршката која и ја дава на општина Чашка за модернизација на образованието.

Тој  воедно упатува апел и до останатите бизнисмени во земјава и странство во овие тешки времиња да дадат некој вид на донација со која ќе ги подобри условите за живеење на жителите  во Општина Чашка. ад/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни