Утрински Весник
Македонија

Клуб на ученици од Тетово со хуманитарни пакети го помогна тетовскиот Црвен крст

Клуб на ученици од Тетово со хуманитарни пакети го помогна тетовскиот Црвен крст

Тетово, 17 април 2020 (МИА) – Клубот на ученици „Action Pallette“ од Тетово донираше неделава пакети со храна и хигиенски производи на општинската организација на Црвениот крст од Тетово кои се дадени на семејства од социјалните категории. Инаку во текот на оваа недела општинската организација додели 50 пакети на социјално загрозени семејства со што се опфатени 106 лица.

-Благодарност до клубот на ученици „Action Pallette“ од Тетово за покажаната хуманост и солидарност за донацијата во вид на храна и хигиенски средства на општинска организација на Црвен крст Тетово, донацијата е наменета за најранливите категории во општеството. Се надеваме дека овој чекор ќе го следат и други општествено одговорни институции, приватни компании и лица, истакна секретарот Шкљќим Мурати.

Во текот на изминатата недела само едно лице побарало услуга од волонтерите да му купат и донесат дома намириници.

Таква услуга не побарал никој од лицата кои седат дома поради самоизолација. ас/оџ/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

Денеска облаци и локален дожд, од утре стабилизирање на времето

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција