Утрински Весник
Спорт

Гвардиола разочаран од sвездите на Сити

Гвардиола одбил од Јувентус плата од 20 милиони евра годишно

Манчестер, 17 април 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е разочаран од некои свои играчи кои одбиле да ги намалат платите и покрај кризата. Неколку клубови од Премиер лигата веќе направија разни аранжмани со своите фудбалери да намалат дел од нивните надоместоци заради кризата предизвикана од суспендирање на сите спортови поради пандемијата од КОВИД-19.

Некои од играчите на „граѓаните“ јавно ја поддржаа иницијативата, вклучувајќи ги Кевин де Бруин, и самиот Гвардиола, кој веќе ја намали платата.

Сепак, друг дел од соблекувалната на тимот не дава позитивни индикации во преговорите, кои сè уште се во рана фаза. Шпанскиот ментор дури може да биде директно вклучен во некои од разговорите за да убеди некои од ѕвездите за одреден договор. „Дејли мејл“, исто така, соопшти дека е многу веројатно да се одложи дел од плаќањата, наместо да се откажат од дел од договорните износи.

Некои од другите клубови во таканаречената „Голема шестка“ на Островот имаат слични проблеми. Тотенхем веќе го отфрлија првиот предлог на раководството, а нема ниту договор во Челси. Во Арсенал, ова беше постигнато по тешките преговори, со тоа што Манчестер Јунајтед најпрво изјави дека нема да ги намали платите на играчите, но се согласи да донира 30% од нив на Националната здравствена служба на Англија.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига