Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Последната донација од финансискиот пакет од 50.000 евра за борба против коронавирусот, компанијата Mozzart ја насочи кон Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.
Директорот на Општата болница во Гостивар, д-р Јакуп Јакупи ја поздрави оваа донација и изрази благодарност до компанијата.
– Сакам да се заблагодарам на Mozzart за почитта и хуманоста што ја покажаа за нашата институција во овој тежок период. Донираните средства во износ од 5.000 евра ќе бидат искористени во болницата за полесно справување со коронавирусот. Исто така, благодарност и за донираните телевизори кои ќе се распределат по болничките соби, со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите, изјави Јакупи, директорот на Општата болница во Гостивар.
Сите реализирани донации од Mozzart Bet. се наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти, поддршка на докторите и медицинскиот персонал и олеснување на нивната работа.
– Хуманоста и емпатијата кон општеството во кое работиме, не смее да не напушти ниту во овие тешки времиња. Сега е од исклучителна важност да покажеме несебичност и да дадеме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребна. Продолжуваме и понатаму со хуманитарните акции кои се важен дел од нашето работење, изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.
Од Mozzart помош добија Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Битола, Клиничката болница во Штип, Општата болница во Кочани и Општата болница во Гостивар. цр/