Утрински Весник
Македонија

Македонски државјани од Словенија со уште еден конвој се враќаат дома

Македонски државјани од Словенија со уште еден конвој се враќаат дома

Љубљана, 17 април 2020 (МИА) – Конвој со вкупно 50 македонски државјани доцна синоќа тргна од Словенија за Северна Македонија, јави дописникот на МИА до Љубљана.

Во конвојот има 13 македонски државјани кои немале свои возила и 19 државјани со 11 возила. На нив им се придружија уште 19 македонски граѓани од Австрија кои исто така сакаат да се вратат дома. За лицата без автомобили беше обезбеден автобус. Сите тие поради коронавирусот и затворањето на границите беа затекнати во Словенија и Австрија.

И овој конвој го организираа Министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Словенија, со директна асистенција на Амбасадата на Северна Македонија во Словенија.

Според планот, сите граѓаните уште денеска ќе стигнат во нашата земја по што ќе бидат сместени во државен карантин. ав/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче

Државата не ги научи лекциите од трагедијата во „Пулс“ – системските слабости останаа