Утрински Весник
Свет

СЗО: Следните неколку недели се клучни за Европа

Hans Kluge 1068x613

Европа се наоѓа во центарот на корона кризата. Бројот на случаи достигна близу еден милион, а над 84.000 луѓе го загубија животот поради вирусот. Според Светската здравствена организација, околу половина од глобалните случаи на Ковид-19 се регистрирани во Европа.

„Остануваме во центарот на невремето. Сега, повеќе од кога и да било, повикувам на солидарност меѓу земјите. Време е да се засилиме и одговорното лидерство да нè насочи низ оваа бура“, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуж, на брифингот за медиуми, додавајќи дека следните неколку недели ќе бидат клучни за Европа.

Клуж ги повика владите и здравствените власти да размислат пред да почнат со намалување на мерките.

„Кога размислуваме за транзиција, мора да признаеме дека нема брзи победи. На тоа му претходи сложеност и неизвесност. Нема брзо враќање назад во нормала“, рече тој.

СЗО и претходно предупреди дека предвременото укинување на рестриктивните мерки може да доведе до „фатално враќање“ на епидемијата доколку мерките за изолација нагло се укинат.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна