Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Смилевски подели 50 оброци на вработените во ПС Бутел

Градоначалникот Смилевски подели 50 оброци на вработените во ПС Бутел

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на  Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска подели 50 оброци за вработените во полициската станица Бутел, поради нивното ангажирање за чување на редот и спроведување на мерките за движење предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот.

Дополнително, како што соопшти општината, беа поделени уште 50 оброци за граѓаните од социјално ранливите категории.

Општина Бутел апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, Министерството за Здравство и Кризниот Штаб за заштита и спасување за престојните празници, затоа што, како што наведува во соопштение, само така можат да го заштитат нивното здравје и здравјето на најблиските.бт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Загина лице во сообраќајка во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД 

Анима Мунди бараат напуштањето на кучиња да стане кривично дело