Лондон, 16 април 2020 (МИА) – Измачените приврзаници на Њукасл конечно ќе имаат шанса да уживаат во посилен тим кој нема само да се бори за да не испадне од Премиер лигата.
Новите сопственици планираат да го искористат очекуваниот пад на цените на трансфер пазарот и да ангажираат квалитетни играчи. Ова го потврдил Џејми Рубен – син на Дејвид Рубен и внук на Сајмон Рубен. Браќата Дејвид и Сајмон Рубен, за кои се вели дека се второто најбогато семејство во Велика Британија, ќе имаат 10 отсто од акциите по промената на сопственоста.
– Луѓето ќе сакаат да инвестираат и да купат силни играчи за да го вратат Њукасл таму каде што му е местото. Конечно, нешто охрабрувачко за навивачите на клубот кои страдаа во последните неколку години, изјави Џејми Реднап, кој разговарал со споменатиот Џејми Рубен.
Осумдесет отсто од клубот ќе биде во сопственост на фонд за јавни инвестиции, зад кој стои наследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман. 10% ќе бидат на „ПЦП Капитал“ на Аманда Стејвли, која направи неуспешен обид да ги купи акциите на Мајк Ешли претходно. Останатите 10 отсто ќе одат кај браќата Рубен.
Поранешниот сопственик Мајк Ешли се очекува да се раздели со акциите за 300 милиони фунти.