Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Владата ќе мора брзо да размисли дали во Куманово ќе го примени моделот од Дебар

Пендаровски: Владата ќе мора брзо да размисли дали во Куманово ќе го примени моделот од Дебар

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Владата ќе мора во следните 24 или 48 часа да размисли дали во Куамново ќе примени комплет или делови од моделот за затворање на општините Дебар и Центар Жупа со цел да се спречи поголемо ширење на вирусот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на Советот за безбедност.

Одговарајќи на новинарско прашање каков е неговиот став за Куманово, претседателот Пендаровски рече дека ситуацијата таму е лоша и трендовите се негативни.

– Една од најголемите потешкотии е фактот што има приличен број заразени здравствени работници во главната болница. Тоа е работа на Владата. Држејќи се до препораките на епидемиолозите и до препораките на сите останати надлежни органи, мислам дека ќе мора многу брзо во следните 24 или 48 часа да размисли дали комплет или делови од моделот применет при затворање на општините Дебар и Центар Жупа не би требало да се применат и во Куманово со цел да се спречи поголемо ширење на вирусот, изјави Пендаровски.

Посочи дека во Куманово има некаде околу 110 илјади луѓе и е град што е одлично поврзан со главниот град и границата кон северот.

За тоа дали има информации со кого се имале контакт премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот Венко Филипче по средбата со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на кризниот штаб во Куманово, Пендаровски рече, дека се чул со сите тројца пред почетокот на денешната седница и не го информирале ништо друго, освен дека ќе треба да бидат во самоизолација.

– Работа е на надлежните комисии и здравствени власти да детектираат со кого тие комуницирале во изминатите денови и каде се евентуално може да биде пренесен тој вирус, изјави Пендаровски.  аа/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се занимава со сè и сешто, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Тој што има пари, има и слобода – Газдата на „Пуцко Петрол“ со два милиони евра сака да излезе од притвор

140.800 Македонци живеат со дијабетес – годишно се откриваат 7.500 нови случаи