Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (Дополнето)

МВР Билтен (ДПЛ)

 

Скопје, 16 април 2020 (МИА)Во Полициската станица Центар вчера околу 15:10 часот било пријавено дека во напуштен објект на ул.„Тетовска“ од полициски службеници од СВР Скопје бил пронајден повреден Б.К.(54) од Скопје. По негово кажување, тој бил физички нападнат од неколку непознати лица, кои што му одзеле лични предмети.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му биле констатирани повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 15:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во ќелија на затворот „Скопје“ починал осуденикот С.И.(23) од с.Долна Бањица, гостиварско.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Вчера во 20 часот во полициската станица Чаир, В.А.(54) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга А.А.(47).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во СВР Скопје вчера во 17:30 часот, А.М.(35) од Скопје пријавил дека во 17 часот во двор од куќа на ул.„Душан Тасковиќ“ во Скопје, каде и двајцата живееле, поради меѓусебно нетрпение бил физички нападнат од И.М.(59) од Скопје.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Денеска околу 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода П.И.(56) од Република Бугарија, кој непријавено престојувал на подрачјето и кој немал соодветни документи.

П.И. е предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.К.(44) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 27.12.2019 на ул.„Ножот“ во Прилеп, полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, пронашле и одземале полуавтоматски пиштол „застава“ модел М-57, кал.7,62×25мм со избришан фабрички број, за кој не поседувал документација.

Вчера, М.Т.(53) од Битола пријавил дека во двор на ул.„Елпида Караманди“ во Битола бил каснат од куче во пределот на десната рака.

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против Д.П.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 12.07.2020 на регионалниот пат Маврово – Дебар, кај место викано „Манастирска раскрсница“, полициски службеници сопреле патничко возило „нисан“, управувано од пријавениот, и при извршен преглед кај него пронашле и одзеле марихуана.

СВР Скопје поднесе 60 кривични пријави против: Д.Б.(25), Т.З.(62), Б.Л.(42), СВ(40), Х.М.(22), Б.А.(46), М.П.(41), А.С.(26), Б.Т.(39), М.И.(22), К.Т.(25), А.В.(36), Р.Н.(24), М.Ш.(20), М.Д.(26), Ф.Ј.(18), И.А.(33), Р.К.(43), Е.Д.(28), М.Т.(38), С.Џ.(34), А.И.(22), Д.Д.(27), Т.Р.(21), Д.Т.(48), С.К.(25), Ј.Д.(39), Д.Ј.(48), М.С.(55), Н.Г.(37), И.С.(44), А.К.(30), А.Т.(21), Т.А.(24), Е.М.(29), С.С.(25), Ѓ.С.(28), Т.Г.(47), А.А.(41), А.С.(31), К.М.(18), Д.Џ.(31), В.В.(40), Л.Ј.(56), Ц.С.(61), С.Љ.(57), И.К.(54), А.Ј.(54), М.Н.(44), М.М.(32), Е.Ш.(59), М.М.(56), Д.В.(40), Ш.И.(22), А.О.(21), С.Р.(20), Б.В.(29), В.М.(18), од Скопје, како и Д.Б.(27) и Б.А.(24), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, во период од 28.03.2020 до 16.04.2020, не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. фф/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ имаме четири членови од албанска националност

Го нашле на Клиника: Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години