Утрински Весник
Македонија

Спасовски, Османи, Филипчле и Адеми одат во самоизолација, Владата продолжува да функционира непречено

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот
Dik 300x250 mk

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, од Владата преку соопштение информираат дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев, кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.

Како што соопштија од владината Прес-служба, на состанокот во Куманово сите функционери во Владата ги почитувале протоколите за заштита и носеле заштитна опрема.

– Во овој момент се прават епидемиолошки проценки во Куманово од страна на локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од Владата.

Воедно во текстот се посочува дека Владата била подготвена и за вакво сценарио.

– Владата на Република Северна Македонија беше подготвена за сите сценарија, вклучително и за ваква ситуација. Работата на Владата продолжува да се одвива непречено преку дигиталните алатки за комуникација и за одржување состаноци. И во услови на изолација продолжува редовната комуникација и координацијата на сите процеси во државата и управувањето со кризата со коронавирусот, стои во соопштението вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!