Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на својот Фејсбук профил напиша дека одлучил да не присуствува на состанокот на Советот за безбедност и да се изолира до вторник, бидејќи вчера бил на средба со градоначалникот на Куманово кој потврди дека е позитивен на коронавирусот.
– По позитивната потврда за Ковид-19 на градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во Општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштитна маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денеска да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите, напиша Османи.
Тој му посака брзо закрепнување на градоначалникот на Куманово и на сите заразени граѓани. бак/сп/