Утрински Весник
Македонија

Повардарската Епархија во Велес донира пакети со храна за лица со церебрална парализа

Повардарската Епархија во Велес донира пакети со храна за лица со церебрална парализа

Велес, 16 април 2020 (МИА)Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во седиштето на Повардарската епархија вчера се донирани пакети со прехрамбени производи на семејствата на лица со церебрална парализа од Велес.

Како што денеска информираат од службата за информирање на Епархијата, Повардарската епархија има долгогодишна соработка со Здружението на лицата со церебрална парализа од Велес.

 Во пресрет на овие празнични денови, кога се наоѓаме во оваа тешка ситуација со пандемијата, сакавме со еден мал хуман гест на овие наши браќа и сестри да им кажеме дека не се заборавени и дека мислиме и на нив, потенцираат од Епархијата Повардарска. ад/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утрово нема задржувања на граничните премини

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување