Утрински Весник
Македонија

Вархеј: Новата методологија ја врати политиката на проширување

Вархеји: ЕУ подготвува економски план за развој на Западен Балкан

Брисел, 16 април 2020 (МИА) – По успешната прва фаза од пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија, Европската комисија сега работи на годишните извештаи за земјите од Западен Балкан, кои се очекуваат во јуни, како и на економскиот план за регионот, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј.

– Со ревидирање на методологијата на процесот за проширување и одлуката да се отворат пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија ја вративме политиката на проширување на прав пат. Го вративме нејзиниот кредибилитет, не само за Западен Балкан, туку и за сите наши земји членки, вели Вархеј за порталот Европски Западен Балкан.

Еврокесарот нагласува дека заложбата на европската перспектива за Западен Балкан отсекогаш била присутна, како и дека проширувањето и понатаму останува една од клучните политики на Европската унија.

– Од почетокот на нашиот мандат веднаш почнавме со работа. Кредибилитетот е во основата на ревидираната методологија, како прв од четирите принципи. Воведовме и поголема предвидливост и динамичност на процесот и му дадовме посилна политичка насока, нагласува Вархеј.

Третиот елемент од пристапот, посочува тој, е економскиот и инвестициски план, кои сега се уште порелевантни со оглед на негативниот ефект од кризата со корона вирусот на економијата во регионот. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија