Утрински Весник
Македонија

Универзитетско студентско собрание при УКИМ: Да се формира консултативно тело за финансиска поддршка на студентите погодени од кризата

Техничките факултети при УКИМ ќе одбележат 60 години постоење

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, бара да се формира консултативно тело за преземање економски мерки за финансиска поддршка на студентите кои се погодени од кризата.

Во консултативното тело, како што посочуваат во денешното соопштение, ќе учествуваат: универзитетските студентски собранија на сите универзитети во државата, младинските организации, Агенција за млади и спорт, Министерство за образование и наука, Министерство за финансии, Влада и партиски подмладоци.

Истакнуваат дека целта на оваа консултативна група ќе биде да предложи краткорочни и долгорочни мерки за финансиска поддршка за студентите и нивните семејства кои се погодени од моменталната криза.

Семејствата во кои има студенти имаат поголеми месечни трошоци од останатите, па затоа сметаме дека потребни се дополнителни мерки кои би ја олесниле финансиската ситуација во која се наоѓаат и би овозможиле непречено фокусирање на образованието. Сметаме дека првиот состанок каде веќе ќе се предложат и ќе се дискутира за конкретни мерки треба да се одржи што е можно побрзо, веќе следната недела во периодот од 21 до 24 април, стои во соопштението. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме