Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: СДСМ мора да побара оставка од нивниот советник во Гази Баба, Вејсели

Стоилковски: СДСМ мора да побара оставка од нивниот советник во Гази Баба, Вејсели

Скопје, 16 април 2020

СДСМ мора да престане да се однесува според начелото „партиската книшка посилна од законот“. Ова бесрамно однесување повторно го демонстрираат, не барајќи оставка од советникот од СДСМ во Советот на Општина Гази Баба, Берат Вејсели, од морални причини.

СДСМ продолжува со самоволието водено од неморал и  неказнивост.

СДСМ и нејзините претставници во владата мора  јавно да побараат оставка, а Вејсели мора да се повлече од советничкото место.

Додека цела држава е затворена и живее во карантински услови, Вејсели најдрско го кршеше полицискиот час, фалејќи се со тоа, а потоа демонстрираше сила пред полицијата.

Однесувањето и небарањето на одговорност од Вејсели е уште еден доказ дека законот важи за сите, освен за СДСМ и нејзините миленици.

Вејсели е само уште едно име во низата функционери кои и покрај се’, се уште се државни функционери: Градоначалникот на Демир Хисар којшто ги заплашуваше граѓаните дека ги прислушкува; Курто Дудуш, кој што тепа и киднапира граѓани за да се изживува во канцеларија; Градоначалникот на Делчево кој јавно се закануваше на бизнисмени; Драги Рашковски фатен во снимките за случајот „Леонардо“ и редица други.

Случајот со Вејсели и тоа што го предизвика во Чаир, е јавно демонстрирање дека  полицискиот час мора да важи за сите, освен за луѓето од СДСМ.

Почитувани, се освен барање оставка и повлекување на Берат Вејсели од позицијата советник, затоа што го кршеше полицискиот час, демонстрираше самоволие, а и беше причина за масовен собир среде полициски час – е лицемерност и ќе биде потврда дека за СДСМ моралот е мисловна именка.

Новинарско прашање: Баравте од министрите да се откажат од платите?

Одговор на новинарско прашање: Немањето желба да се поработи два месеци без пари, немањето желба доброволно да и се помогне на државата кога и е најтешко е уште еден од срамните моменти на власта на СДСМ. Не можам да прифатам дека по години министерски плати, репрезентации, службени дневници, мобилни телефони, автомобили- сега на Шекеринска, Димитров, Царовска или Манчевски им се неопходни 14,500 за да преживеат. Во услови кога и на образованието, и порај ветувањата им ги кратат примањата, со што дополнтелно ја туркаат спиралата за пад на економијата, се уште немаат доблест да дадат пример кој би го следеле функционерите, на пример оној директорот роднина на Дескоска со редовна плата од три илјади евра.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме