Утрински Весник
Македонија

Заев: Мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме мерките

Заев: Мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме мерките

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ денеска на Фејсбук објави видео во кое вели дека тој и членовите на неговото семејство немаат симптоми на Ковид-19, апелирајќи до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат пропишаните мерки за превенција од коронавирусот.

– Нема симптоми кај мене и членовите на моето семејство со кои сме заедно во изолација. Се надевам дека и тестовите ќе бидат негативни за да може по празниците да се вратиме во нормално функционирање на работните обврски, наведува Заев.

Тој во видео пораката додава дека очекува во текот на мај бројот на излекувани од Ковид-19 да се зголемува и сите психолошки ќе се подготвуваме за враќање на животот во нормала.

– Иако сите постепено се подготвуваме за враќање на животот во нормала, мора да сме свесни дека и понатаму ќе мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме мерките, порачува Заев во видео изјавата.

Вклучување во живо – Алсат М

Нема симптоми кај мене и членовите на моето семејство со кои сме заедно во изолација. Се надевам дека и тестовите ќе бидат негативни за да може по празниците да се вратиме во нормално функционирање на работните обврски. Иако сите постепено се подготвуваме за враќање на животот во нормала, мора да сме свесни дека и понатаму ќе мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме мерките.

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 16 април 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”