Утрински Весник
Македонија

Јавен протест поради неисплатените плати на работниците од Тетекс Јарн Лимитед

Јавен протест поради неисплатените плати на работниците од Тетекс Јарн Лимитед

Тетово, 16 април 2020 (МИА) – Дел од 160 работници во фабриката за производство на предиво и волница Тетекс Јарн Лимитед денес одржаа јавен протест во насока на аламирање на јавноста дека се уште не им се исплатени две плати.  Тие два часа безуспешно чекаа и не беа примени на разговор со раководството на фабриката.

-Ние ги бараме платите за февруари и март кои се уште не сме ги добиле. Воедно од раководството на Тетекс Јарн Лимитед на 3 март ни беа дадени договори на три месеци, но потоа не принудија да потпишеме нови кои се со важност само до март. Така од 1 април сме без работа и без двете плати. Од раководството ни рекоа дека нема да се работи поради вонредната ситуација.  Сепак сметаме дека можат да не испалтат со продажба на машините и производенаа волница. Случајот е пријавен во трудова инпекција и другите надлежните министертства, истакна Анета Ѓорѓеска, претставничка на работниците.

Службата за обезбедување на новинарите не дозволи влез за да се разговара со раководсвото на фабриката. Немаше одговор и на телефонските повици. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер