Утрински Весник
Македонија

Националната галерија ги повика децата да споделат цртежи со тема „Нашите херои“

Националната галерија ги повика децата да споделат цртежи со тема „Нашите херои“

Националната галерија ги охрабри и ги повика децата да направат уметнички дела со кои ќе им се заблагодарат на хероите во нашата заедница.

„Херои можат да бидат сите, покрај докторите, медицинските сестри како и целиот персонал во здравството, касиерката во маркетот, полицаецот, пожарникарот, возачот на автобус, баба и дедо, мама и татко кои се грижат за Вас, бато кој мора да те „трпи“ цел ден, учителката која се грижи образованието да продолжи непречено, службеникот во банка и сите оние кои ја одржуваат работата на заедницата“ – велат од галеријата.

Децата може да изработат цртеж со краток опис (максимум 150 зборови) или кратко видео од детската изјава снимена со телефон. Повикани се сите креативци од претшколска и школска возраст.

Семејствата можат да испратат слики со уметнички дела на маил адресата: marketing.ngm@gmail.com или истите да ги објават на социјалните мрежи Facebook и/или Instagram, со хаштаг: #НашитеХерои, #OurHeroes, #НационалнаГалерија, #NationalGallery.

Испратените слики од уметничките дела ќе бидат објавени на официјални профили на Националната галерија. (Facebook и Instagram)

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не глуми чесен кога целиот е со лузни од здравството кое го упропасти и украде

По дождливиот период, од недела пад на температурите и снег на планините

(Видео) Мајки на настрадани деца во „Пулс“: Со која совест адвокатите на обвинтетите ќе земаат крвави пари?