Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – На 15.04.2020 во 15:45 часот било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ф.(26) од Скопје и мопед „ерси“, без регистарски ознаки, управуван од И.Ј.(27) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 15.04.2020 во 07:30 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Богданци се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „лингкен“, без регистарски ознаки управуван од С.Н.(57) од Богданци и патничко возило „сеат алхамбра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од П.А.(36) од с.Градашорци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа „Здравен дом“ – Гевгелија, за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

На 15.04.2020 во 12 часот, Р.А.(68) од тетовска Стримница во СВР Тетово пријавил дека во атарот на тетовско Фалише бил каснат од куче скитник во пределот на раката и ногата.

На 15.04.2020 во 12:35 часот било пријавено дека на патниот премин Сарај – Кондово, на железничката пруга Скопје – Тетово, се случила железничка незгода во која учествувале локомотива ТМД-Рабел управувана од Ќ.Ќ.(56) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 14.55 часот, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

На 15.04.2020 во 11:48 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Ј.И.(55) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина актерката Снежана Стамеска – 24info.mk

Сезоната за зимници започнува: Што цени нудат скопските пазари?

По повод Денот на независноста СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски