Утрински Весник
Македонија

Полицијата приведе 36 лица за непочитување на забраната за движење

Струмичанка осомничена дека се обидела да го отруе сопругот

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 56 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, според статистичките податоци на МВР за изминатото деноноќие, на 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се додава во соопштението. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци 

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

ЦУК со информации за состојбата со врнежите од снег