Утрински Весник
Македонија

Факултетот за безбедност формира тим за истражување на функционирањето на безбедносниот систем во услови на вонредна состојба

Факултетот за безбедност формира тим за истражување на функционирањето на безбедносниот систем во услови на вонредна состојба

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Факултетот за безбедност од Скопје формираше истражувачки тим од петтмина професори за спроведување на научно истражувачки проект „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во услови на вонредна состојба“.

Целата на проектот, како што информира проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност, е следење на актуелната состојба низ областите на функционирање на институциите од безбедносните систем, спроведувањето на полицискиот час, координација на безбедносниот систем, анализа на мислењето на граѓаните за работата на институциите, но и псилохошки аспекти во услови на криза и вонредна состојба.

По завршување на проектот, истражувањето, компаративните анализи, набљудувањето на мерките и активностите, тимот ќе излезе со препораки и заклучоци кои ќе дадат придонес кон развој на безбедносниот систем и сите актери во овие специфични услови, вонредна состојба, кризна состојба и криза.

Во врска со утрешната седница на Советот за безбедност, Ѓуровски смета претседателот на државата, Владата и Советот ќе ги имаат предвид сите аргументи за и евентуално против носењето на одлуката за вонредна состојба уште нови 30 дена, при тоа имајќи го во предвид Извештајот за превземените мерки и нивните ефекти во изминатите 25 дена и проценките за текот на справувањето со вирусот во земјава и воедно ќе се водат од основното начело на почитување на Уставот, функционирањето на политичкиот систем, демократските норми и состојбата со економијата.

– Добро е како претходната одлука и нова во врска со вонредната состојба консензуално да се прифати од сите релеватни политички субјекти. Верувам дека одлуката на Претседателот на државата ќе овозможи максимално искористување на ресурсите што ги има држава со цел да излеземе со помали последици од кризата, и таа од здравствена да не прерасне во безбедносна и поголема економска криза, смета Ѓуровски.

Според него, овој период од нови 30 дена би требало да се искористи за отпочнување подготовки за процесот на постепена нормализација на состојбата, имајќи ги предвид потребите на граѓаните, работата на фабричките капацитети, економијата и државните институции со примена на мерки за заштита.

– Сигурно е рано за одредени проценки, но верувам внимателно ќе се постапува и навремено ќе се донесат одлуките во функција на координација на институциите, искористување на ресурсите и справување со пандемијата на целата територијата на државата, оценува тој.

Ѓуровски изразува уверување дека оваа состојба ќе не направи сите нас многу посилни, ќе извлечеме лекции каде можело подобро, како да дојдеме до функционална цивилна заштита.

– Но, за тоа ќе зборуваме по вонредната состојба и кризата и потоа се надевам ќе се пристапи кон преиспитување на одредени јавни политики во областа на безбедноста и други сектори. Мнозинство граѓани во изминатите 30 дена манифестираа чувство  на одговорност. Добро е што сите граѓани, нацијата се обедини и овој дух ќе го зачуваме по вториот месец од вонредната состојба со цел успешно да се справиме со ризиците по економската состојба и вложување на напори за стабилизацирање на економската безбедност која може да биде нарушена по пандемијата, додава Ѓуровски. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара