Утрински Весник
Македонија

Светиниколскиот кризен штаб со нови информации за граѓаните за Велигденските празници

Светиниколскиот Кризен штаб со нови  информации за граѓаните за Велигденските празници

Штип, 15 април 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб на Општина Свети Николе на денешниот состанок ги информираше земјоделците дека за време на продолжениот викенд за Велигденските празници сите земјоделци фармери, сопственици на пластеници, пчелари, кои не се регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кога има забрана за движење согласно мерката на Владата и на Министерството за здравство, можат да се движат за временски период од шест до девет часот наутро и од 17 до 19 часот напладне по претходна најава за движење за наредниот ден на телефонскиот број 075/421-181. Најавувањето за движење ќе се одвива во термин од 9 до 15 часот.

За време на продолжениот викенд рестораните можат да ја обавуваат дејноста со претходно поднесено барање до Кризниот штаб на општината и негово одобрување. Доставата на храна можат да ја извршат во временски термин од 10 до 18 часот во сабота, недела и понеделник претстојниот викенд. Барањата се поднесуваат до Општина Свети Николе до 16 април  2020 година до 12 часот, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој истакна дека маркетите исто така можат да ја извршуваат дејноста за време на забраната за движење со поднесување на барање до Кризниот штаб и негово одобрување. Дистрибуцијата на прехрамбените артикли ќе биде во временски термин од 10 до 14 часот истиот ден. Барањата се поднесуваат до Општина Свети Николе до 16април  2020 година до 12 часот.

Велковски апелира до сите граѓани на општината да ги почитуваат мерките и препораките на Владата во врска со превенцијата и заштитата од коронавирусот. вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер