Утрински Весник
Македонија

„Дрекслмаер“ и донира опрема за заштита од Ковид -19 на Општина Велес

МЗ: Има доволно заштитна опрема за медицинските лица во здравствените установи

Велес, 15 април 2020 (МИА) – Компанијата „Дрекслмаер Македонија“ од Кавадарци на Општина Велес и донира поголема количина на здравствена опрема за заштита од Ковид-19.

Донацијата се состои од илјада маски, 500 капи, 500 навлаки за нозе, 204 заштитни наочари, 500 пара ракавици и 250 скафандери. Дополнително, уште 250 скафандери ќе пристигнат во текот на наредните неколку денови.

Како што информира на денешната прес конференција велешкиот градоначалник Аце Коцевски, за распределба на заштитната опрема денеска треба да се договорат директорите на трите јавни здраствени установи од градот заедно со матичните лекари и специјалисти.

– Упатувам апел до сите општетствено одговорни компании да ја искажат својата хуманост на дело во овие денови кога ни е најнеопходна, порача Коцевски.

Инаку, меѓу 5.300-те вреботени во „Дресклмаер Македонија“ околу 800 се велешани. ад/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година