Утрински Весник
Македонија

За двајца битолчани побарана казна од по 2.000 евра за непочитување на полицискиот час

Казнени налози за двајца тетовчани за непочитување на полицискиот час

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство – Битола побара парична казна во износ од 100 дневни глоби за две лица заради непочитување на полицискиот час.

– Основното јавно обвинителство – Битола побара парична казна во износ од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра, односно по 2.000 евра во денарска противвредност, за две лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетите, посочуваат од ЈО, во текот на вчерашниот ден, без дозвола, пеш се движеле низ градот во време кога на сила била забраната за движење на населението на територијата на земјата.

Со тоа, велат од ЈО, тие не ги почитувале прописите кои се донесени со цел сузбивање и спречување на ширење на опасната болест предизвикана од Ковид-19, а за што битолското Обвинителство го поднесе Предлогот за издавање на казнен налог. ​фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”