Скопје, 15 април 2020 (МИА) – На 14.04.2020 во 13.10 часот во СВР Скопје, К.П.(78) од Скопје пријавила дека околу 12:00 часот пред зграда на ул.„Никола Вапцаров“ непознато лице со употреба на сила ѝ ја одзело ташната со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 15:55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Јадранска магистрала“ бил пронајден починат Б.Р.(56) од Р.Косово. Полициски службеници од Полициска станица Чаир излегле на местото на настанот, а од лекар на Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 14.04.2020 во 19:20 часот на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(46) од Скопје и патничко моторно возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(48) од Скопје, кои удриле во Ј.М (25) од с.Бардовци, скопско. По незгодата, Ј,М. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
На 14.04.2020 во 18:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„23 Октомври“ во Скопје, за време на забраната за движење, поради меѓусебно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.В.(30) и З.Н.(54), кои биле во алкохолизирана состојба, двајцата од Скопје. По документирање на случајот ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
На 14.04.2020 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Т.(57) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот во зграда на ул.„Васко Карангелевски“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.04.2020 година во 09:00 часот во Полициска станица Драчево од здравствена установа, сместена во Поликлиника нас.Драчево, било пријавено дека во 08:40 часот кај нив бил донесен Ш.С.(62) од Скопје кому, откако пристигнал во ходникот од установата, му се влошила здравствената состојба, по што починал. Смртта ја констатирал лекар од здравствената установа. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството.
На 14.04.2020 во 14:30 часот во СВР Скопје, Ј.И.(22) од Скопје пријавил дека во 14:05 часот во близина на продажен објект на ул.„Алија Авдовиќ“ во с.Сингелиќ, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Ш. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.04.2020 во 11:30 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, А.С.(82) од Скопје пријавил дека на 13.04.2020 околу 10.10 часот на ул.„Стево Филиповиќ“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.04.2020 во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Р.(36) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот во с.Глумово, скопско, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, била физички нападната од У.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство“. На 12.04.2020 околу 23.15 часот на ул.„Бигла“ во Скопје, при семејна расправија, Д.А.(24) со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои истиот починал. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а Д.А. бил лишен од слобода.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.K.(48) од Делчево и С.З.(50) од с.Панчарево, пехчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, вработена како лекар во здравствена установа од Делчево, постапила спротивно на одлуките на Владата, и изготвила медицинска потврда, во која навела дека лицето В.З. од с.Панчарево, дошол во нејзината ординација на лекарски преглед во придружба на четири лица, иако знаела дека истите не биле во придружба на пациентот. Со потврдата лицата се движеле во времето на полицискиот час, постапувајќи спротивно на одлуката на Владата на РСМ дека во време на забрана за движење, придружба на лице за давање итна медицинска помош можат да вршат најмногу две лица. Имено, второпријавениот телефонски на првопријавената и ги именувал четирите лица кои таа требало да ги наведе во потврдата за да им послужи за патување на истите во време на забраната за движење, со што со умисла ја поттикнал лекарката да го стори кривичното дело, иако знаел дека лицата наведени во медицинската потврда не биле во придружба на пациентот.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Р.(58) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 20.03.2020 на ул.„Гоце Делчев“ во Струмица, пријавениот извадил нож и замавнал кон полициски службеник, по што бил лишен од слобода.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.П.(26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 15.11.2019 спроти угостителски објекти на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово, полициски службеници при преглед над пријавениот, пронашле и одзеле марихуана.
СВР Скопје поднесе 37 кривични пријави против: М.С.(32), Е.М.(30), Б.М.(30), О.Р.(37), Љ.Ш.(42), Б.Ц.(34), Д.К.(19), М.Ј.(27), А.О.(43), С.Н.(24), Е.Б.(25), Е.М.(20), М.Н.(42), Е.Ф.(27), Т.К.(19), Г.Н.(52), Б.Л.(28), Н.Б.(73), А.И.(35), С.Ш.(24), Б.Ѓ.(31), Д.Ц.(29), Д.П.(49), А.А.(39), Е.О.(64), Л.З.(54), С.А.(47), Б.М.(42), М.Г.(37), Н.Б.(20), И.З.(20), А.С.(43) и двајца малолетници од 15 и 16 години, сите од Скопје, Т.К.(20) од Куманово, М.А.(19) и С.Ш.(29) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во период од 26.03.2020 до 29.03.2020, не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. фф/сп/