Утрински Весник
Спорт

ФИФА го преместува Светското клупско првенство за јуни 2022 година

Светското клупско првенство започнува на 11-ти декември

Цирих, 15 април 2020 (МИА) – ФИФА има намера да го одложи одржувањето на Светското клупско првенство за јуни 2022 година, пренесува „АС“.

Првично, турнирот требаше да се одржи во Кина од 17 јуни до 4 јули 2021 година, но беше преместен поради одложувањето на Европското првенство за летото 2021 година.

Турнирот ќе се одржи во нов формат, бројот на учесници ќе се зголеми од 7 на 24 екипи, турнирот ќе се игра на секои четири години.

И покрај тоа што клупското првенство е одложено за во 2022 година, следното издание на натпреварувањето ќе се одржи во 2025 година, велат од изданието.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување