Утрински Весник
Македонија

Компанијата Mozzart донираше средства за набавка на заштитни маски за полицијата

Компанијата Mozzart донираше средства за набавка на заштитни маски за полицијата

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Компанијата за приредување игри на среќа Mozzart донираше финансиски средства за набавка на заштитни маски за повеќекратна употреба на Македонскиот полициски синдикат.

-Со оваа донација се придружи на низата општествено одговорни компании што во изминатиот период го прифатија апелот на Македонскиот полицицки синдикат за донирање заштитни средства и средства за дезинфекција, а се со цел поголема заштита на заштитниците односно полициските службеници кои во овие моменти на колективна опасност се директно изложени во борбата со COVID 19, порачуваат од Македонскиот полициски синдикат.

Во име на синдикатот благодарност до компанијата Mozzart упати  претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев.

-Во мое лично име и во името на сите членови на Македонскиот полициски синдикат сакам да изразам голема благодарност до компанијата „Mozzart“ за оваа донација, со која ќе помогнат да бидат обезбедени неопходните заштитни средства (заштитни маски) кои ќе бидат набавени и поделени на членовите на Македонскиот полициски синдикат кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, а со цел истите да се заштитат од корона вирусот “COVID -19”, вели Кицев.

Од компанијата Mozzart посочуваат дека хуманитарните кампањи се важен сегмент од нивното работење.

-Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува преку различни акции да придонесе онаму каде што е најпотребно. Токму затоа, одговоривме позитивно на барањето од Македонскиот полициски синдикат и се надеваме дека со оваа донација ќе придонесеме кон поголема заштита на полициските службеници. Mozzart досега донираше над 50.000 евра за борба против коронавирусот, наменети за подрачјата кои се најзагрозени од оваа пандемија, изјавија од менаџментот на Mozzart Bet. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава