Утрински Весник
Македонија

Сотирова: ДЗС нема ингеренции за земање примероци за присуство на коронавирус во супермаркетите

Сотирова: Новинарот имал контакт со член од семејството кој е позитивен на вирусот

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема ингеренции за земање брисеви од супермаркетите. Единствената превенција е личната свесност и одговорност на граѓаните, а дел од одговорноста е на правните субјекти кои стопанисуваат со објектите, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, Сотирова апелираше да се почитуваат препораките од Владата.

– Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема ингеренции за земање брисеви од овие места. Единствената превенција што ја повторуваме и ќе ја повторуваме е личната одговорност и свесност на граѓаните што значи почитување на препораките на Владата, дадени претходно како препораки од Комисијата за заразни болести. Дел од одговорноста од сферата на овие прашања носи и правниот субјект кој стопанисува со тие објекти, рече Сотирова, во одговорот на прашањето дали ДЗС зема примероци за присуство на коронавирусот од супермаркетите. бак/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”