Утрински Весник
Свет

Дали оздравените корона-пациенти се имуни?

52192627 303

Надежта на многумина во време на пандемија на Ковид-19 гласи: можеби веќе сум бил инфициран со коронавирусот без да почувствувам симптоми, или можеби сум имал само благи симптоми како во случај на настинка, но сега веќе не може ништо да ми се случи. Сега сум имун. На имунитет се надеваат и многу од болните кои оздравеле од болеста.

Но, експертите од Светската здравствена организација ги спуштаат ваквите големи надежи. Директорот на програмата за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан, во Женева изјави дека се’ уште нема јасност дали оздравените пациенти од Ковид-19 се навистина имуни и ако е така – колку долго трае имунитетот:

„Би се очекувало едно лице кое има целосен одговор за имунитет со антитела да е заштитено на одредено време. Но, не знаеме колку долг е тој период на заштита. Би можеле да очекуваме соодветно траење на заштитата, но многу е тешко да се дадат оценки за новиот вирус. Би можеле всушност само да извлекуваме заклучоци од искуствата со други коронавируси, но дури и тоа досега е можно само во многу ограничена мерка.“

Иако бројот на оздравени пациенти се зголемува од ден на ден, досега едноставно нивниот број е премал. Во светот досега оздравеле околу 300.000 луѓе, вели Марија ван Керкове, техничка раководителка на СЗО за Ковид-19. Епидемиологот на прес-конференција пренесувана преку на интернет укажа на едно од првите истражувања за прашањето на имунитетот на оздравените:

„Постои студија објавена неодамна во Шангај. Се работи за текст кој се’ уште не е прегледан од вештаци. Таму е испитувана крвна плазма од 175 оздравени пациенти. Според истражувањето, од тие лица има такви со силна реакција на антитела, но дали таа реакција навистина значи и имунитет, тоа е друго прашање. Тоа е нешто што треба навистина подобро да го осознаеме, имено – што одговорот со антитела значи во смисла на имунитетот.“

Целиот текст може да го прочитате ТУКА

Извор: dw.com

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30