Утрински Весник
Македонија

Девет казнени налози предложи ОЈО Радовиш

Девет казнени налози предложи ОЈО Радовиш

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Радовиш.

– Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот, информираат од обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот на секој од  обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби. оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Ивановска: 170 жртви во Македонија од трагедии се силен повик за будење – народот мора да ја подигне свеста

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога