Утрински Весник
Македонија

Хуманитарна акција на Црвен крст „Заедно каде е потребно“

Хуманитарна акција на Црвен крст „Заедно каде е потребно“

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Црвениот крст на Република Северна Македонија заради состојбата со вирусот „Ковид-19“, со цел да обезбеди помош за граѓаните на кои таа им е најпотребна, организира хуманитарна акција „Заедно каде е потребно“.

Од Црвениот крст ги повикуваат сите хумани граѓани и правни субјекти, кои се во можност до 10 мај оваа година, да донираат парични средства, прехранбени производи, средства за хигиена и дезинфекција.

Донаторите од Општина Кисела Вода потребно е помошта да ја достават во општинската организација на Црвениот крст-Кисела Вода. Донации може да се оставаат и во другите општини/градови ширум државата, во просториите на Црвениот крст. Додека финансиски средства може да се донираат на: -Сметка на фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ – 300000001327966        ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Покрај ова, средства во износ од 100 денари може да се донираат и со јавување на телефонскиот број : 070/075/077 143 400.

Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои се во можност да се вклучат во хуманитарните активности на Црвениот крст.фф//скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина