Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Дел од финансискиот пакет од 50.000 евра за борба против коронавирусот компанијата Mozzart го насочи кон Општата болница во Кочани, информираат од Компанија Mozzart.
Досега, од Mozzart помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар, Клиничката болница во Битола, Клиничката болница во Штип и Општата болница во Кочани. Во следниот период ќе се реализира уште една донација.
Сите донации се наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти.
-Голема благодарност до компанијата Mozzart за оваа финансиска донација од 5,000 евра кои ги донираше на ЈЗУ Општата болница со проширена дејност Кочани во борбата против Covid-19. Ваквите хумани гестови се од огромно значење во овие моменти, и навистина ми е драго што постојат компании како Mozzrt кои се вистински пример како треба да се однесува една општествено-одговорна компанија.“ – изјави д-р Александар Серафимов, директорот на болницата во Кочани.
Од Mozzart велат дека трпат огромни загуби со привременото затворање на сите уплатно-исплатни места, согласно мерките на превенција и заштита од ширење на вирусот, но без разлика на тоа, општествено-одговорните активности на компанијата продолжија како и во редовна состојба, разбирајќи дека сега е моментот сите да покажат највисок степен на солидарност и хуманост. оџ/са/