Битола, 15 април 2020 (МИА) – Градоначалникот на Битола Наташа Петровска во рамки на првиот сет економски мерки предожи сите занаетчии и трговци поединци да бидат ослободени од плаќање фирмарина на годишно ниво.
Општина Битола за ублажување на економските последици предизвикани од актуелната пандемија, ќе донесе и други мерки од најзина надлежност, информираа од тамошната локална самоуправа.
-Како градоначалник предложив ослободување од закупнина на деловни простори во сопственост на Општина Битола за месеците март, април и мај, ослободување од надоместоци за комунална такса за користење на простор пред деловни простории за март, април и мај, потоа слободување на закупнина на градежно земјиште под објект за месеците март, април и мај, и ослободување од фирмарина на сите занаетчии и трговци поединци на годишно ниво, истакна Петровска.
Со првичните еркономски мерки Општина Битола се откажува од своите приходи во висина од над 6 милиони денари, а дополнително јавните петпријатија во зависност од нивните можности, ќе дадат мерки за ублажување на последиците.
Општина Битола додели и околу еден милион денари финансиски средства наменети за социјално ранливите семејства.мт/са/